Пребарување

12474-3-1.jpeg

Апостолскиот нунциј во Македонија се сретна со митрополитот Тимотеј

За време на посетата на Охрид, во четврток 24 ноември 2022 година, Апостолскиот нунциј во Македонија Н.Е. монс. Лучијано Суријани, придружуван од Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов оствари средба со Дебарско – кичевскиот митрополит Тимотеј.

На средбата Апостолскиот нунциј Лучијано Суријани ја повтори посветеноста на Светиот Престол и Католичката црква за развивање на добри и пријателски односи. Понатаму соговорниците се осврнаа на животот и активностите на Црквите кои ги претставуваат, ставајќи акцент на важноста на екуменскиот дијалог и соживот.

Во рамки на посетата во Охрид нунцијот Суријани и бискупот Стојанов го посетија и Пасторалниот центар и црквата „Свети Кирил и Методиј и свети Бендикт“.

25 ноември 2022, 10:28