Пребарување

12470-4aem.jpg

Апостолскиот нунциј во Македонија монс. Лучијано Суријани оствари повеќе протоколарни средби

Апостолскиот нунциј во Македонија Н.Е. монс. Лучијано Суријани, придружуван од Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов оствари повеќе одвоени протоколарни средби

Во среда 23 ноември 2022 година, за време на посетата во Македонија Апостолскиот нунциј во Македонија Н.Е. монс. Лучијано Суријани, придружуван од Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов оствари повеќе одвоени протоколарни средби со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-дин Даријан Сотировски, со Реис ул Улема на Исламската верска заедница во Македонија, Шакир ефенди Фетаи и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

На средбите истакната е посветеноста на Светиот Престол и Католичката црква за развивање на добри и пријателски односи со сите чинители во македонското општество, важноста на екуменскиот и меѓурелигискиот дијалог, а се разговараше и на теми од заеднички интерес. Меѓу другото на средбата со архиепсикпот г.г. Стефан Апостолскиот нунциј монс. Лучијано Суријани упати честитки за признавањето на Македонската православна црква -ОА.

Во вечерните часови Апостолскиот нунциј монс. Лучијано Суријани во придружба на Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов ги посетија семејствата од Ad gentes мисијата во Куманово при што ги охрабри во нивното послание и сведочење на Евангелието.

 

24 ноември 2022, 15:08