Пребарување

12458-1aem.jpg

Надбискупот Вукшиќ се сретна со г.г. Стефан

За време на пасторалната посета на Црквата во Македонија надбискупот Вукшиќ се сретна со архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан

Во недела, 20 ноември 2022 година, митрополитот и надбискупот Врхбосански и Апостолски администратор на Воениот ординариј, монс. Томо Вукшиќ, придружуван од Скопскиот бискуп и Струмичко-скопскиот епарх, монс. Киро Стојанов, се сретна со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во архиепископската резиденција во Скопје.

Во пријатен и пријателски разговор, соговорниците ја изразија својата радост поради признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Тие разменија мислења и за екуменизмот и меѓурелигискиот дијалог, како и за предизвиците со кои се соочуваат Црквите во денешното општество.

На крајот од средбата, архиепископот Вукшиќ и архиепископот Стефан разменија подароци.

21 ноември 2022, 16:24