Пребарување

12459-1aem.jpg

Надбискупот Вукшиќ се сретна со претседателот Пендаровски

За време на пасторалната посета на Црквата во Македонија надбискупот Вукшиќ се сретна со претседателот Пендаровски

Во понеделник, 21 ноември 2022 година, надбискупот и митрополит Врхбосански и Апостолски управител на Воениот ординариј, монс. Томо Вукшиќ, придружуван од Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монс. Киро Стојанов во претседателската резиденција во Скопје оствари средба со претседателот на Македонија, г-дин Стево Пендаровски.

Во пријатен разговор, соговорниците се осврнаа на теми значајни за Католичката црква во Македонија и нејзината поврзаност со митрополијата Врхбосна и изразија поддршка за екуменскиот и меѓурелигискиот дијалог. Надбискупот му се заблагодари на претседателот за приемот и за неговиот интерес за животот на Католичката црква во Македонија.

21 ноември 2022, 16:29