Пребарување

1641556317087.JPG

Папата: И претприемачите и управителите треба да мирисаат на овците

Среќавајќи се со група француски претприемачи по повод ходочастието во Рим, Папата ги поттикна да се интересираат за животот на своите соработници на сите нивоа, грижејќи се за нивните тешкотии и надевања. Власта е, според зборовите на Папата, служење.

Треба да се интересирате за животот на сопствените соработници, познавајќи и признавајќи ги нивните тешкотии, стравови, надежи и планови; и да настојувате секогаш да го имате општото добро како приоритет во сопствените одлуки за управувања и постапки, дури и кога тоа е во конфликт со обврските наметнати од економските и финансиските системи. Со тие зборови папата Фрањо им се обрати на групата француски претприемачи кои ги прими по повод нивното ходочастие во Рим во чиј фокус е темата за општото добро. Папата од нив бара својата водечка улога да ја извршуваат во согласност со Божјото срце, односно со поглед свртен во реалноста и не заборавајќи дека вршењето на власта одговара на служењето.

Ходочастието во Рим е убав и храбар знак – рече Папата и објасни, затоа што покажува дека во денешниот свет често обележан со индивидуализмот, рамнодушноста и маргинализацијата на најранливите луѓе, претприемачите и управителите ја имаат на срце службата на сите, а не само на приватните интереси или оние на ограничените кругови. Тоа несомнено е предизвик, но и причина за загриженост во рамки на професионалните одговорности.

Општото добро сигурно е одлучувачки фактор на вашето расудување и на вашите одлуки на должностите со кои раководите, но мора да се носите со обврските кои ги наметнуваат економските и финансиските системи кои сега се на сила, а кои често ги исмеаваат евангелските начела, општествената праведност и љубов – рече папата Фрањо. ...

Како Марија која соочена со „скандалот“ на сиромашните и влажни јасли не се обесхрабрила, ниту побунила, Папата ги поттикна француските претприемачи „да чуваат“ и да „размислуваат“. „Да чуваш“ значи да прифатиш, и покрај темнината и во понизност работи кои не сме ги сакале и кои е тешко да се прифатат, а кои не сме можеле да ги спречиме. Тоа исто така значи да не се обидуваш да го прикриеш или „разубавиш“ животот, да бегаш од сопствената одговорност – додаде Папата. Тоа значи и да „размислуваш„ во молитвата, а потоа да ги обединиш убавите и грдите работи кои го сочинуваат животот, подобро да ја сфатиш нивната испреплетеност и смислата од Божја перспектива. ...

Иако извршувањето на власта бара донесување на храбри одлуки и понекогаш особено супсидијарноста овозможува на сите да го дадат најдоброто од себе, да се учествуваат соучесници, да го носат својот дел од одговорноста и така да придонесат за заедничкото добро – напомена папата Фрањо и ги охрабри сите да го држат својот поглед вперен во Исус Христос, со својата молитвата и со принесување на секојдневната работа и да не се двоумат да го повикат Светиот Дух за да ги води нивните одлуки.

11 јануари 2022, 09:33