Пребарување

00765_21012019.jpg

Надбискупот Гуџероти е нов префект на Дикастеријата за Источни Цркви

Во понеделник, 21 ноември 2022 година, папата Фрањо го именува ватиканскиот дипломат, надбискупот Клаудио Гуџероти (67) за нов префект на Дикастеријата за Источни Цркви

Во понеделник, 21 ноември 2022 година, папата Фрањо го именува ватиканскиот дипломат надбискупот Клаудио Гуџероти (67) за нов префект на Дикастеријата за Источни Цркви, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Италијанец, стручњак за Источни Цркви, монс. Гуџероти досега беше папски претставник во Велика Британија, а на чело на Дикастеријата ќе го наследи кардиналот Леонардо Сандри (79). Предавањето на службата ќе се изврши во средината на јануари 2023 година. Аргентинскиот кардинал Сандри е на чело на Дикастеријата (конгрегацијата) за Источни Цркви од 2007 година и е префект на Римската Курија со најдолг стаж. Службата ја напушта поради возрасни причини.

Надбискупот Гуџероти е познат експерт за теологија и литургија на Источните Цркви и работел во таа дикастерија уште во 1985 година, а во 1997 година бил именуван и за потсекретар. Од 2001 до 2020 година, служел како нунциј во различни земји каде Источните Цркви се повеќе застапени - Грузија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија и од 2015 до 2020 година во Украина. Во последните две години тој служи како апостолски нунциј во Лондон.

23 ноември 2022, 10:09