Пребарување

1668944579552.JPG

Папата: Потребни ни се „Папата: Потребни ни се „трансгресивни“ млади луѓе кои градат братство“ млади луѓе кои градат бра

Во пладневното обраќање во катедралата во Асти, во недела 20 ноември 2022 година, папата Фрањо повторно ги спомена трагедиите на војните, особено на напатената Украина, како и жртвите од пожарот во бегалскиот камп во Газа. К

На нашето време му недостига мир – рече папата Фрањо во својот пладневен говор одржан по светата Литургија во катедралата во Асти, повикувајќи ги верниците да бидат градители на братството, особено мислејќи на младите кои на денешниот празник Христос Цар го слават Светскиот ден на млади.

Украина секогаш во мислите

Потоа ги спомна Украина и жртвите од пожарот во бегалскиот камп во Газа. На нашето време му недостасува мир; да се потсетиме на многуте места во светот кои се погодени од војна, особено на измачената Украина. Да се потрудиме и да продолжиме да молиме за мир!

Тага за жртвите во Газа

Да молиме и за семејствата на жртвите од големиот пожар што изминатите денови се случи во бегалскиот камп во Газа, Палестина, во кој загинаа и неколку деца. Нека Господ ги прими во небо оние кои ги загубија своите животи и нека ги утеши луѓето што се многу уморни од долгогодишните конфликти.

Потсетувајќи дека од минатата година, на празникот на Христос Цар, во месните Цркви се одбележува Светскиот ден на млади, чија тема оваа година е иста како онаа на следниот Светски ден на младите во Лисабон следната година: „А Марија, како стана отиде набргу во ридскиот крај“ (сп. Лука 1,39), Светиот Отец повторно ги повика младите да учествуваат и објасни:

Богородица го направи ова кога била млада и ни кажува дека тајната на младоста лежи во тие два збора, стани и оди. Стани и оди; да не стоиш неподвижно и да мислиш на себе, трошејќи си го животот барајќи удобност или последниот крик на модата, туку да се стремиш кон височините, да тргнеш на пат, да излезеш од своите стравови и да им подадеш рака на оние на кои им е потребна.

Вистинска трансгресивност

Потоа Светиот Отец упати силен поттик до младите: Денес ни требаат вистински „трангресивни“, неконформистички млади луѓе кои не се робови на мобилните телефони, туку го менуваат светот како Марија, носејќи го Исус на другите, грижејќи се за другите, градејќи братски заедници со другите, остварувајќи ги соништата за мир!

Потоа ја повика Марија, Царицата на мирот: Сега да ја повикаме Царицата на мирот, Богородица, на која и е посветена оваа прекрасна катедрала. Нејзе и ги доверувам вашите семејства, болните и секој од вас, со грижите и добрите намери што ги носите во срцето.

Благодарност до властите и заедницата во Асти

Сакам да изразам благодарност до бискупијата, провинцијата и градот Асти: ви благодарам за топлото гостопримство што ми го искажавте! Им благодарам на граѓанските и верските власти и за подготовките што ја овозможија оваа толку посакувана посета. Би сакал да им кажам на сите дека a la fame propri piasi' encuntreve! [Мило ми беше што ве сретнав]; и ви посакувам ch’a staga bin! [Се најдобро!]

21 ноември 2022, 13:13

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >