Пребарување

Papa-ad-Asti-logo.jpg

Папата Фрањо во Пиемонт, во местата на неговите корени

Папата Фрањо во сабота 19 ноември 2022 година пред пладне пристигна во Портакомаро, недалеку од Асти, и отиде во приватна посета кај својата братучедка. На празникот Христос Цар ја предводеше света Литургија во Асти

Италијанскиот регион Пиемонт го пречека Папата, кој тој ден го посветува на семејството, особено со посета на неговата роднина Карла Рабецана, во Портакомаро, која пред неколку дена наполни 90 години. Папата Фрањо со хеликоптер пристигна на спортскиот терен во Портакомаро, недалеку од Асти, каде го пречека локалниот свештеник. По краткиот престој во Црквата, и посетата на дом за стари лица, со автомобил замина кај роднините. Во недела во 11 часот беше првиот јавен настан во Пиемонт со света Литургија, која ја предводеше во катедралата во Асти.

Светиот Отец по моментите поминати со роднините во Портакомаро и Тиљоле, во сабота вечерта пристигне во Асти. Во организацијата на дочекот во тој град, голема помош дадоа младите. Меѓу нивните предлози, на пример, беше избрано логото и мотото за посета на папата Фрањо на градот во кој живееше семејството на неговиот татко Марија.

Крст на Светскиот ден на младите

Стилизираната претстава на профилот на насмеаниот Папа со отворена рака и зад него контурата, во црвена боја, на големата катедрала во Асти, е дело на 26-годишниот Фабио Селестре, уметник и графички дизајнер, кој е член на бискупската група за пасторал со млади. Фабио го осмисли и мотото. „Долгоочекувана средба“ и со помош на својот татко, столар, направи голем дрвен крст за Светскиот ден на младите во бискупијата Асти. За време на неделната света Литургија, неколку млади луѓе го однесоа тој крст кај Папата на олтарот.

Единствениот семинарист во бискупијата

Меѓу младите е Стефано Акорнеро, 24-годишен семинарист, единствениот во бискупијата Аста, кого за време на светата Литургија папата Фрањо го воведе во службата аколит. Овој обред, кој е втор чекор кон свештенството, првично беше планиран за попладнето, но Светиот Отец предложи тој да се вклучи во евхаристиското славење за празникот Христос Цар на сето создание и прославата на овогодинешната светски ден на млади на бискупско ниво.

https://www.youtube.com/watch?v=qiyFLhLrjcw
21 ноември 2022, 13:15