Пребарување

1573902856811.JPG

Петгодишнина од Дикастеријата за лаици, семејството и заштитата

Со Апостолското писмо во облик Motu Proprio „Sedula Mater“, потпишано од Светиот Отец на 15 август 2016 година, е формирана Дикастеријата за лаици, семејство и заштита на животот.

Грижата за животот и апостолатот на лаиците, пасторалната грижа на младите и семејството – ова се клучните области на активност на дикастеријата за лаици, семејството и заштитата на животот, која ја формира Папата Фрањо на 15 август 2016 година со Апостолското писмо во облик Motu Proprio „Sedula Mater“ (Грижлива мајка). „Како грижлива мајка, Црквата со векови отсекогаш била обележана со грижа и внимание кон лаиците, семејството и животот, покажувајќи ја љубовта на милостивиот Спасител кон човештвото“, пишува во документот.

Области на активност

Активностите на оваа дикастерија се регулирани со Статутот од 10 април 2018 година и стапи на сила на 13 мај истата година. Статутот, меѓу другото, наведува дека целите на дикастеријата вклучуваат поддршка од „организации и здруженија кои им помагаат на жените и семејствата да го прифатат и да го зачуваат дарот на животот, особено во случај на тешка бременост и спречување абортус”

Дикастеријата е предводена од префект, кардинал Кевин Фарел, а му помага секретар, отец Александар Ави Мело, и двајца заменици лаици Леј Гисони и Габриела Гамбино. Останатиот персонал и советници на дикастеријата вклучуваат свештеници и лаици од различни професии од целиот свет.

Една од задачите на Дикастријата за лаици, семејство и заштита на животот е да го промовира повикот и посланието на лаиците во Црквата и светот, воспитувајќи ги да сфатат дека како крстени се одговорни за животот и посланието на Црквата.

Дикастеријата исто така се занимава со „пасторална грижа за семејствата, го штити неговото достоинство и благосостојба врз основа на Светата Тајна Венчание, ги штити нејзините права и одговорности во Црквата и во граѓанското општество. Целите, исто така, вклучуваат поддршка и координација на иницијативи насочени кон заштита на човечкиот живот од зачнување до природна смрт, земајќи ги предвид човечките потреби во различните фази на развој“.

Светска средба на семејствата

Дикастеријата исто така помага во организацијата на меѓународни конференции и настани, вклучувајќи ја и Светската средба на семејства. Следната таква средба ќе се одржи во Рим од 22 до 26 јуни 2022 година, откако беше одложена поради пандемијата. Десеттата светска средба на семејствата ќе има потполно нова форма: „повеќецентрична и распространета“. Главното место на настанот ќе биде Рим, но во истите денови секоја епархија ќе може да одржува средби за семејствата и заедниците во локалната Црква.

Ваквиот начин на одржување на настанот го објави папата Фрањо во неговата видео порака објавена на 2 јули 2021 година. Тој ги повика семејствата „да бидат живи, активни и креативни и да се организираат во согласност со она што ќе се случува во Рим“. „Семејна љубов: Повик и пат кон светоста“ ќе биде темата на следната Светска средба на семејствата, организирана од Дикастеријата за лаици, семејството и заштитата на животот и Римската бискупија. Ќе се одржи на шестгодишнината од Апостолскиот поттик Amoris laetitia и четири години по Gaudete et exsultate, Апостолски поттик за универзалниот повик за светост.

 

19 август 2021, 09:20