Пребарување

12069aem.jpg

Објавено логото за јубилејот 2025 година - „Поклоници на надежта“

Логото за јубилејот 2025 година - „Поклоници на надежта“ е објавено во Ватикан во вторник, 28 јуни 2022 година.

Државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин, при претставувањето на логото истакна дека актуелните настани повикуваат да ги задржиме очите кон крепоста надеж. За кардиналот Паролин, јубилејот е добра понудена можност на посебен начин на Рим и Италија како момент на прифаќање за милионите туристи кои ќе дојдат да го доживеат настанот на верата и културата.

Претседателот на Папскиот совет за нова евангелизација, надбискупот Рино Физикела го објасни логото и неговото теолошко значење.

Станува збор за слика со четири стилизирани фигури кои го означуваат човештвото кое доаѓа од четирите страни на светот. Едната фигура е во прегратката на другата што означува солидарност и братство што мора да ги обедини народите, а предводникот се прилепува и го прегрнува крстот, знак на вера и надеж, кој никогаш не смееат да се напуштат. Брановите долу покажуваат дека ходочастието на животот не се одвива секогаш во мирни води. Како повик за надеж во личните настани и кога светските настани се наметнуваат со најголем интензитет, долниот дел од крстот се издолжува и се претвора во сидро - метафора на надежта – се наметнува на движењето на брановите.

Хроматскиот избор на ликовите не е случаен. Црвената боја покажува љубов, акција и споделување. Жолтата е бојата на човечката топлина. Зелената претставува мир и рамнотежа, а сината сигурност и заштита. Црната боја на крстот и сидрото го претставуваат авторитетот и внатрешниот аспект. Целиот приказ покажува колку патот на поклониците не е индивидуална реалност, туку заедничка и динамична која се стреми кон крстот, кој исто така е динамичен во неговата приклонетост на човештвото како да му оди во пресрет и не го остава сам, туку нуди сигурност на присутност и надеж.

Приказот го заокружува мотото на јубилејот 2025 изпишано со зелена боја: Peregrinantes in Spem - Поклоници на надежта.

Монсињор Физикела додаде дека логото претставува „компас што треба да се следи и заеднички именител способен на трансвезален начин да ги опфати сите елементи кои се околу прославата на јубилејниот настан“ и изразува идентитет и богата духовна тема, затворајќи го теолошкото значење околу кое се развива и реализира Јубилејот.

Осврнувајќи се на самиот избор на логото, претседателот на Советот рече дека на Папата му биле претставени три финални проекти за да се избере оној кој најмногу одговара. „Одлуката не му беше лесна. По неколку пати разгледување на проектите, изборот падна на предлог на Џакомо Трависани.

30 јуни 2022, 17:15