2025.10.01 Udienza Generale

Папата Лав XIV: Молете ја Бројаницата секојдневно за мир во светот

Овој месец октомври, Папата Лав XIV ги повика верниците секојдневно да ја молат светата Бројаница за мир во светот и да бидат верни орудија на помирување во својот секојдневен живот.

„Додека го започнуваме октомври, месецот посветен на светата Бројаница, ве повикувам секој ден да молите Бројаница за мир во светот.“

Со овие зборови Папата Лав XIV се обрати во средата наутро, 1 октомври 2025 година, пред различни јазични групи, за време на Генералната аудиенција во Ватикан.

Во услови на конфликти и војни ширум светот, Светиот Отец ги повика верниците да го градат и промовираат мирот во нивното секојдневие.

„Бидете верни орудија на помирување во вашиот секојдневен живот,“ рече тој.

Со истиот дух, тој ги потсети ходочесниците што зборуваат арапски дека христијаните се повикани „да сведочат дека љубовта и простувањето се поголеми од секоја рана и посилни од секоја неправда“.

Исто така, Папата ги охрабри верниците што зборуваат португалски да станат „мисионери на мирот и милосрдието“, додека на француските верници им порача да бидат „сведоци на мирот и љубовта која е посилна од нашите неуспеси и поделби“.

03 октомври 2025, 11:57

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >