Пребарување

11468.png

Бискупот Стојанов го благослови камен темелникот на црквата во Куманово

Во Куманово бискупот Стојанов го благослов камен темелникот на црквата „Божјо милсордие“

Во понеделик 23 јануари 2023 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов го благослови камен темелникот на црквата „Божјо милосрдие“ и пасторалниот центар во Куманово.

На овој свечен момент присуствуваа светштеници од Скопска бискупија и Струмичко - скопска епархија, архитектот г-дин Антон Кајтази, претставници од Општина Куманово во името на градоначалникот Максим Димитриевски, како и верници од Куманово.

Католичката црква во Куманово, која започна да се гради се наоѓа на улица Васко Карангелевски.

23 јануари 2023, 18:11