Пребарување

2023.01.26 Bishop Kiro Stojanov led a prayer meeting in Pajurci, North Macedonia

Епископот Стојанов предводеше молитвена средба во Паљурци

На празникот Преобраќање на свети апостол Павле во Паљурци се одржа молитвена средба

На празникот преобраќање на свети апостол Павле во Паљурци (врз темелите на идниот храм) на 25 јануари 2023 година, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов ја предводеше молитвата Шести час, а о. д-р Зоран И. Стојанов, ректор на светилиштето во Паљурци ја преводеше Бројаницата во чест на Марија од Назарет. На молитвата во Паљурци на епископот Стојанов му се придружија свештеници од Струмичко – скопската епархија.

На молитвениот настан, покрај верниците од повеќе парохии, учество зедоа и сестрите Евахристинки, предводени од провинцијалната сестра Бернардина Атанасова, како и претставници на црковните движења присутни во Македонија.

Овој молитвен настан е во организација на о. д-р Зоран И. Стојанов ректор на светилиштето и о. Тома Ангелов, парох во Богданци.

 

26 јануари 2023, 11:21