Бискупот Стојанов служеше света Литургија по повод Светскиот ден на баби и дедовци и стари лица
Во недела 23 јули 2023 година, кога Црквата го слави 3. Светски ден на баби, дедовци и стари лица, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов служеше света Литургија во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, во сослужение отец професор д-р Томас Шварц – генерален директор на Реновабис, патер Марјан Бешлиќ – катедрален викар, отец Зоран И. Стојанов -декан, директор на Македонски Каритас и ректор на светилиштето во Паљурци и отец Марјан Ристов – канцелар.
За време на проповедта бискупот Стојанов се осврна на Светскиот ден на баби и дедовци и стари лица, потенцирајќи ја нивната важност во Црквата и општеството, како и взаменото споделување на даровите меѓу постарите и младите.
Во оваа прилика бискупот Стојанов се заблагодари на патер Марјан Бешлиќ за неговото неуморно и пожртвувано служење на Црквата, посебно за неговото служење во Македонија, воедно честитајќи му го 50 годишниот монашки јубилеј и му посака Божји благослов во неговата нова служба во Дубровник.
На крајот следуваше благодарност од претставници на парохијата за служењето на патер Марјан Бешлиќ, по што и тој ја искажа својата љубов кон Македонија и благодарност за заедничко поминато време во катедралната парохија во Скопје.