Генералниот директор на Реновабис во посета на Македонски Каритас
Во рамките на посетата остварија средба со директорот на Македонски Каритас отец д-р Зоран И. Стојанов и координаторот Спасе Спасов. Од страна на директорот и координарот високите гости од Реновабис одблиску беа запознати со мисијата, делувањето, постигнатите резултати и предизвиците со кои што Македонски Каритас се соочува. Директорот на Каритас отец Зоран искажа особена благодарност до Реновабис за одличната соработка. Се разговараше и за идните планирани проекти и проектни активности на Македонски Каритас.
Во рамките на посетата на Македонски Каритас, со високите гости од Германија беа направени и теренски посети на активности кои ги реализира Каритас при што беше посетен Едукативниот центар во Сарај - општина Босилово. На гостите детално им беше претставена работата и активностите на овој центар. Остварена е средба и со Градоначалникот на општина Босилово, г-дин Ристо Манчев, на која се зборуваше за проектите кои Македонски Каритас ги реализира на територијата на општината. Во Гевгелија претставниците на Реновабис го посетија Центарот Мајка Тереза и одблиску им беше презентирана работата на овој Центар.
Покрај тоа ги посетија Катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ - Струмица, парохијата „Свети пророк Илија“ – Радово, парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ - Струмица, Радио Марија Македонија и манастирот на Сестрите Евхаристинки во Гевгелија.