Молитви на Папата за Еквадор и Украина
Во своето обраќање по молитвата, Папата спомена дека загрижено ја следи тешката општествена ситуација во Еквадор:
Близок сум со тој народ и ги охрабрувам сите страни да се откажат од насилството и екстремните позиции. Да научиме дека само со дијалог, се надевам наскоро, ќе се пронајде општествениот мир, со посебно внимание на маргинализираното население и најсиромашните, но секогаш со почитување на правата на сите и на институциите во земјата.
Поздравувајќи ги ходочасниците, Папата ги забележа и украинските знамиња и уште еднаш потсети на тешката ситуација во таа источноевропска земја.
Гледам дека тука има знамињата на Украина: таму, во Украина, бомбардирањата продолжуваат да предизвикуваат смрт, уништување и страдање на населението. Ве молам, не заборавајте го тој народ разурнат од војна. Да не го заборавиме тоа во нашите срца и во нашите молитви.