Пребарување

2023.01.21 Papa Francesco e operatori della comunicazione

Папата: Комуникацијата со срце може да спречи ескалација на војната

Папата: Комуникацијата со срце може да спречи ескалација на војната На споменденот на Свети Фрањо од Салес е објавена пораката на папата Фрањо за 57. Светски ден на социјалните комуникации, а ќе се слави во недела пред празникот Педесетница, на тема „Зборувај со срцето: Veritatem facientes in caritate“ (Делувај во вистината со милосрдие).

Светиот Отец упати порака до сите вклучени во областа на комуникациите секогаш да зборуваат од срце и да ги најдат вистинските зборови во изградбата на подобар свет.

Римскиот бискуп ова го истакнува во својата порака за 57. Светски ден на социјалните комуникации, објавена, 24 јануари, на споменденот на Свети Фрањо од Салес, светецот заштитник на католичките новинари, на тема Зборувај со срце: Veritatem facientes in caritate (Делувај во вистината со милосрдие). 

Ватикан и бискупиите ширум светот во неделата пред празникот Педесетница ќе го одбележат Светскиот ден на социјалните комуникации, кој годинава ќе биде на 21 мај.

Овогодинешната тема се поврзува со онаа од 2022 година, наречена Слушај со уво на срцето, и ги повикува комуникаторите да комуницираат срдечно и никогаш да не следат непријателска комуникација.

Допрете ги и најтврдите срца 

Во свет кој е толку склон кон рамнодушност и огорченост, понекогаш дури и врз основа на дезинформации кои ја фалсификуваат и искористуваат вистината, Папата нагласува дека е посебно важно да се има простор за навестување на вистината.

Папата повикува на зборови кои се способни да им прават добро на другите и да ги допрат и најтврдите срца.

Ги охрабрува комуникаторите да ја пренесат моќта на нежна љубов дури и во драматични глобални околности.

Иако пораката првенствено е наменета за оние кои работат во комуникациите, Папата подеднакво истакна дека секој има одговорност да комуницира со отворено срца и раце.

Бенедикт XVI: „Срце што гледа“

Потсетувајќи на важноста на значењето на терминот „слуша“ во комуникацијата, Светиот Отец го цитираше починатиот почесен папа Бенедикт XVI кој рече: Христијанскиот проект, преземен од учењата на Исус, е „срце што гледа“ онаму каде што е потребна љубов. и постапува на соодветен начин.

Понатаму, Светиот Отец истакна: Во историски период обележан со поларизации и противречности - на кои, за жал, не е имуна ниту црковната заедница - посветеноста за комуникацијата – со отворени срца и раце - не важи исклучиво за оние од областа на комуникациите; одговорноста е на сите.

Сите ние мора да ја бараме и да ја зборуваме вистината, добротворно, инсистираше Папата. Светиот Отец предупреди на комуникациите кои промовираат токсични односи на омраза, а наместо тоа ги истакна оние кои ги сузбиваат овие опасни ставови.

Посебен сведок на Божјата милосрдна љубов – Свети Фрањо од Салес

Папата во својата порака го истакна заштитникот на католичките новинари, Свети Фрањо од Салес, бидејќи остави вредни примери за комуникаторите.

Тој црковен учител, кој беше бискуп на Женева во времето на жестоките расправии, рече Папата, покажа голема човечност и подготвеност да води трпелив дијалог со сите.

Фактот што трпеливо разговараше дури и со оние кои не се согласуваа со него, истакна Папата, го направи посебен сведок на Божјата милосрдна љубов .

За еден светец, рече Светиот Отец, комуникацијата е одраз на душата и покажување на љубовта.

Свети Фрањо од Салес, продолжи Папата, покажа дека ние сме такви како што комуницираме и понуди сведоштво дека одиме против зрното кога комуникацијата често е искористувана за светот да не гледа онакви какви што би сакале да бидеме, а не какви што сме.

Неговите списи, рече папата Фрањо, се пријатно, поучно и поттикнувачко четиво.

Вистинските зборови можат да помогнат да се спречи ескалација 

Папата повторно се осврна на контекстот на глобалниот конфликт што го доживуваме и повтори дека многу е важен обликот на комуникација кој не е непријателски за да се промовира култура на мирот, која е способна да ги надмине омразата и непријателството.

Ескалацијата на војната, од која денес се плаши човештвото, напиша папата Фрањо, мора да се запре што е можно поскоро, исто така на ниво на комуникација, бидејќи зборовите често се претвораат во воени дејствија на грозоморно насилство.

Потоа Светиот Отец додаде: Потребни ни се комуникатори кои се отворени за дијалог, ангажирани во промовирањето на целосно разоружување и посветени на отповикување на воинствената психоза што се вгнездува во нашите срца.

Мора да се отфрли секоја воинствена реторика, како и секоја форма на пропаганда која манипулира со вистината, искривувајќи ја за идеолошки цели. Наместо тоа, она што мора да се промовира е облик на комуникација која помага да се создадат услови за решавање на споровите меѓу народите, истакна Папата.

Својата порака Светиот Отец ја заврши со молитва за новинарите и за сите што комуницираат, Исус да ни помогне да ја направиме нашата комуникација јасна, отворена и искрена... да ни помогне да го слушаме отчукувањата на срцето, поврзувајќи се како браќа и сестри и да ни помогне да ја зборуваме вистината со љубов, за да се чувствуваме како заштитници еден на друг.

 

25 јануари 2023, 08:46