Пребарување

2023.01.08 Santa Messa e Battesimi

Папата се моли за украинските и руските мајки

На крајот од неделната молитва Ангел Господов, папата Фрањо потсети на мајките од Украина и Русија кои ги загубија своите деца поради војната. Тој поттикна да бидеме во молитва со оние што страдаат и во молитва за крај на војната Папата Фрањо на празникот Крштение Господово, недела 8 јануари 2023 година, на плоштадот Свети Петар во Ватикан на крајот од молитвата Ангел Господов ги замоли сите да се сетат на бра

Папата Фрањо на празникот Крштение Господово, недела 8 јануари 2023 година, на плоштадот Свети Петар во Ватикан на крајот од молитвата Ангел Господов ги замоли сите да се сетат на браќата и сестрите кои страдаат во Украина, каде што војната продолжува да го зема данокот, каде што луѓето се борат, живеејќи во маки без струја и греење, а Божиќ им беше одбележан со војна. Никогаш не смееме да ги заборавиме, нагласи Папата.

Молете се за украинските и руските мајки

Потсетувајќи дека во овој момент посебно се фокусираме на блажената Марија и нејзиното Дете за кога таа се грижеше и воспитуваше, не можеме, а да не помислиме на мајките кои ги загубија своите деца во оваа војна, како украинските, така и руските мајки.

Светиот Отец повика сите да се помолат за мајките кои ги загубија своите деца, војниците во оваа војна од двете страни, потсетувајќи дека тоа е трагичната цена на војната за која треба да молиме да престане сето тоа страдање.

09 јануари 2023, 09:04

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >